Повод: МИА е погрешна кратенка од Шупачка Информативна Агенција
*******
*******
Здраво Милена,
И тоа АД кое го застапувате и Вие како нивен правен полномошник имате некаков системски проблем со преименување на нештата.
Како што тие во оној јаден текст навеле „северномакедонски власти“, спротивно на официјалните упатства од министерството за надворешни работи за користење на придавките, така и во вашето барање сте навеле дека ние на Офф.нет имаме текст под наслов „Шупачка информативна агенција“. Ние текст со таков наслов - немаме. Блиску сте, ама, статива.
Милена, мислиме дека преблаго опишавме државна информативна агенција која не ги почитува државните толкувања на важечки меѓудржавни договори. Ако МИА свесно сака да оди контра македонската дипломатија во користењето на придавките и упорно го користи терминот „северномакедонски“, ние тоа ќе го почитуваме како нејзин медиумски став.
Притоа ќе останеме на нашиот медиумски став по кој, кога следен пат ќе го употребат терминот „северномакедонски“, таа агенција ќе ја наречеме „малоумна“ очекувајќи да се израдуваат на комплиментот. Бидејќи во него е содржан зборот „умна“.
Поинаков начин да им доловиме како нè навредуваат со „наши пари“, во моментов не ни текнува.
Имајте убавпролетенисончевден,
Трендо