Работата со лебот не е црно-бела

Белиот леб не мора да е штетен за вас. Чак што више (цврц), може на вашиот организам да му годи повеќе отколку оној 'здравиот' од интегрални зрна. Сè зависи од тоа што имате во цревата. 

Освен во пиковите како што е сезоната на ајвар, сезоната на летна манџа или потсетувањето на радостите на паштетата, лебот кај човекот прави околу 10% од дневниот внес на калории.

Израелски научници решпиле да проверат како различни типови леб влијаат врз битни клинички параметри на здравјето како што е нивото на шеќер, притисокот, холестеролот, минералите и др.

Експерименталната група ја поделиле на две, едниве биле на свеж домашен леб од интегрално брашно, другиве на фабрички бел леб, сосе емулгатори, конзерванси и слични злосторници.

Кога одблиску ги погледнале резултатите, сфатиле дека типот на лебот не влијае исто врз сите. Клучот е во бактериите и цревната флора, колективно наречени микробиом. Од нивниоит профил зависи како ќе биде примен одреден тип на леб.

Утврдвме дека половина луѓе имаат зголемен шеќер после јадење бел леб, но кај другата половина тоа се случува само кога конзумираат црн. Белиот леб не мора по автоматизам да е лош за некого. Всушност, може да е поздрав од другиот“, порачуваат од Инсистутот Вајзман.

Нивните наоди упатуваат дека секоја диета треба да биде персонализирана а потсетуваат и дека влијанието на лебот не е толку во неговиот тип колку во количината која ќе се набута.

Ама, оди па кажи му го тоа на ова:

 

8 јуни 2017 - 12:26