Таг: леб

Кога го забраниле лебот на парчиња

Во раните денови на пандемијата да месиш стана тренд, но во поголемиот дел од 21 век, барем во западниот свет, лебот, особено белиот, е извор на злите јаглехидрати. Сепак, во време на криза да немаш леб се уште значи да немаш храна. А ако имаш леб, ама не е сечен, е тоа значи дека самиот треба да го претвориш во сендвичи. Тешка работа за некои Американци. 

Зошто лебот во кеса е поразличен од „вистински“ леб

Лебот на кришки („леб за тост“, „леб за сендвичи“...) е ретко искрен производ кој не се ни обидува да те залажува со некакви гастрономски ветувања, а целата животна мисија му е „да го пројдеме и овој оброк“. И тој одлично ја врши оваа улога.

Лебот наш насушен: белото и црното брашно на идеологијата

Можеби тукушто појадувате, бел леб и ајвар. Или интегрален со хумус и домати. Ако имате среќа на маса ве чекале пржени лепчиња со јогурт и сирење. Иако делува само како нешто што нè држи најадени, лебот има огромна историска и гастрополитичка улога.

Дали некогаш луѓето живееле само на пиво?

Првиот човек кој одгледал „питоми“ житарици не го направил тоа за да меси леб, туку за човечки да се напие. Така барем тврдат истражувачи, кои додуша не знаеме дали биле спонзорирани од некоја пивара. Ним им контрира друга група, веројатно платена во симит погачи.

Обединувачката моќ на лебот

Секогаш сме скептични кон решавање на длабоки општествени конфликти со јутјуб кампањи и билборди. Демек ако си агресивен националист ќе погледнеш едно слоу моушн клипче во пастелни бои, за минута ќе ти се активира чакрата за емпатија, а по финалните кадри веќе ќе бидеш друг човек? Ама па некои идеи за кампањи се подобри од други.

Најголемата и најдетална книга посветена на лебот

Денес, 7.11, излегува од печат книга која се рекламира како „ново, револуционерно разбирање на еден од најважните производи во човечката исхрана“. Делува импресивно, иако ние повеќе би сакале да сме дегустатори на лебот направен според рецептите во неа. 

Работата со лебот не е црно-бела

Белиот леб не мора да е штетен за вас. Чак што више (цврц), може на вашиот организам да му годи повеќе отколку оној 'здравиот' од интегрални зрна. Сè зависи од тоа што имате во цревата. 

Глобалното затоплување удри на векната леб

Од истата количина на пченица од која денеска се добива еден леб, до 2050-та ќе се вади помала векна леб исклучиво заради глобалното затоплување кое ќе го намали нивото на протеин во зрното.