Нова полска кампања, против насилствата од омраза кон „другите“ во оваа земја, кои се во пораст, се базира на еден сосема обичен и секојдневен производ. Под наслов „Лебот наш насушен“ таа се обидува да инспирира толеранција со тоа што луѓе од пет маргинализирани групи (геј, Евреи, муслимани, бегалци и црнци) печат и продаваат леб во пекара во Варшава. Секоја векна е обвиткана со лента на која пишува кој е човекот што го замесил.
Засега кампањата се состои од триминутно видео инспирирано од ова искуство, а следниот чекор ќе подразбира продавање леб од страна на малцинства во различни градови низ земјата.
Нејзините авторки велат дека барале нешто што ги спојува луѓето наместо да ги дели. А во Полска таквата поделба базирана на ксенофобија, барем според податоци од невладини и државни организации, е во пораст. Според Јавното обвинителство на Полска, пријавен ксенофобични или хомофобични насилства во 2012 имало 473, а само во првата половина на 2017 овој број бил 947.
Лебот во Полска, како и во голем број други земји, е вид основна храна, но и моќен симбол на споделување и светост. Една од речениците во видеото е - „Не сакаме омразата да ни биде лебот наш насушен“.