Како живее еден брачен кревет?

Брачен кревет во Велика Британија просечно трае една деценија. И во тој десетгодишен живот гледа повеќе Фејсбук и Твитер отколку секс.

Во текот на една деценија, брачниот кревет е поприште на 720 кавги, 480 сексуални сесии, 3,650 твита и 14,600 смс-и.

Врз основа на истражување на 2.000 Британци, утврдено е дека партнерите во него минуваат 70 дена прегледувајќи социјални мрежи, на мобилен се разговара 38 часа и 50 минути и се испраќаат 4,160 меилови.

Не е сè така асоцијално. Брачниот кревет во Велика Британија во рок од 10 години е сведок на 3,640 гушкања, 4,160 бакнежи, 120 појадока во кревет и 240 прочитани книги.

Зимно време луѓето му пристапуваат просечно 28 минути порано а 19 проценти од луѓето признаваат дека им е поудобно да го земат јорганот и да спијат на тросед во дневна.

Најчеста причина за расправија во кревет е вечното прашање кој повеќе го влече јорганот на своја страна, како и стандардното хрчење, "бегај со тоа ладните нозе" и епската дилема кога е вистинско време да се гаси телевизорот.

 

10 ноември 2012 - 23:33