Луѓе без морал (или барем срам) се како бротчиња без сидро. Без можност да одберат свое место и своја заветнина, бескрајно ќе се ашкаат кај што ги носат струите и ќе ги талкаат брановите кајшто ќе стигнат, додека не се залупаат во некоја карпа. Кога таквите се и политичари е потрагично, бидејќи политичарите по дефиниција бараат од тебе да тргнеш по нив и да ја следиш нивната траекторија, убедувајќи те дека неа ја одбрале капетански умно и одговорно. А таа траекторија ја одредуваат струите и брановите. И ништо друго.