Таг: социјални мрежи

Десантис забрани пристап до социјални мрежи за лица помлади од 16 години

Гувернерот на Флорида потпиша закон со кој на децата до 14 години целосно им се забранува пристап до социјалните мрежи, а на 14 и 15-годишниците им треба согласност на родителите за да бидат на социјални мрежи.

Дојче телеком би да ви всади уплав од објавување слики од деца

И до сега не беше паметно да се објавуваат слики од сопствените деца по социјални мрежи, без разлика колку тоа е добронамерно. Сега, кажете фала на ВИ, објавувањето станува опасно, а Дојче телеком тоа многу упадливо го демонстрира.

Тредс издиша за само една недела

Новата социјална мрежа на Марк Закерберг изгуби повеќе од половина од дневните активни корисници само една недела откако беше пуштена за користење.

ЕУ ќе гаси социјални мрежи кога народ ќе се крене против нив

Ако за време на немири во Унијата социјални мрежи не ги испочитуваат барањата од властите за бришење на за нив спорни содржини, тогаш истите овие власти ќе можат целосно да ги изгасат социјалните мрежи.

Атлантик го прогласи Твитер за социјална мрежа на крајната десница

Ако во времето на претходните сопственици Твитер беше пекол, по доаѓањето на Илон Маск во овие неколку месеци тој се претвора во платформа која не може да се разликува од „пустелијата на алтернативните социјални мрежи како Трут соушал и Парлер. Тој сега е десничарска социјална мрежа,“ се порачува во текстот на Атлантик.

Како разузнавачите ги инфилтрираа компаниите што ги водат социјалните мрежи

Едно е дека вработените на Твитер (пред доаѓањето на Маск) се ултрапрогресивни и тоа никого не изненадува дури и кога новинарите ја добиваат внатрешната комуникација меѓу вработените. Тоа што изненадува во оваа комуникација е како во неа константно се појавуваат ФБИ, ЦИА и слични, па приказната се претвора од 'гледајте прогресивците се пристрасни во модерирањето на Твитер', во 'постои огромна операција од американски функционери и сомнителни НВО за цензуирање на луѓе на Твитер'.

Не наседнуваат само бумери на Инстаграм-измами

Измами по Инстаграм колку сакаш, а жртви - најмногу од поновиве генерации.

Како се бега од социјални мрежи, според Рене Зелвегер

Звучи лесно, не е, ама вреди да се проба.

„Да те снема“ е луксуз што малкумина можат да си го дозволат

Дигиталната детоксикација е синоним на грижа за себе - но, што ако ваквото повлекување те огради и од мрежата на поддршка?

Како социјалните мрежи ни го држат паметот

Досега сме виделе студии што заклучуваат дека социјалните мрежи се штетни за менталното здравје, но веќе не ни требаат ни истражувања за да го знаеме тоа. Многумина имаат искусено ментална истоштеност како директна последица на бескрајно скролање и што е полошо, не можеме ни да запреме кога ни станува забележливо потешко.

Виенските музеи најдоа начин како да презентираат голотија на социјалните мрежи

Можеби ви се случило - објавувате врвно уметничко дело (слика, скулптура или фотографија) на кое има голотија, и социјалните мрежи ви го банираат, заканувајќи се да ви го блокираат и профилот. Откако ова редовно им се случувало на виенските музеи кои никако не можеле да се разберат со Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, дека Егон Шиле и Климт не се порно содржини, тие одлучиле да си отворат профил на Онли фанс - социјална мрежа наменета само за возрасни.

Може ли да се биде „зависен“ од Фејсбук?

Некои се уште раздрмани од колективниот шок на паѓањето на Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Ватсап, и тоа со часови. Па и мемиња излегоа, нешто, „бев тука кога падна Фејсбук“. И изјави како „Не сфаќав колку сум зависен од скролање по Инстаграм додека не падна“. Што правиме со таа зависност?

Приказната дека Кафка пишувал писма од загубена кукличка за да утеши девојче

По трагата на еден твит со трогателна приказна за авторот на „Замок“ и „Процес“, се обидовме да сфатиме дали таа држи вода или е повеќе од оние кои им се припишуваат на славни личности само поради мотивациската порака.

И со „орвеловско“ се претера

Минатата недела во САД името на Орвел предизвика препукување помеѓу либералите и конзервативците, поради неговото наводно погрешно користење од страна на вторите.

Како Фејсбук те следи кога не си на Фејсбук, и како да го прекинеш тоа

Една од новите опции што Фејсбук ги пушти во оптек е „Off-Facebook activity“ алатката која освен вистинска примена во (какво-такво) раатисување од следењето, одлично врши работа за да те потсети дека цело време додека сурфаш на интернет имаш некој што ти дреме на рамо, гледа и запишува што правиш.

Смартфонот е цигарата на денешницата

Пред не повеќе од 7-8 години најголемиот дел од луѓето ги користеа мобилните телефони за пораки, за разговори и главно за чување во џеб. Време кога никој не ни помислуваше на 10 секунди да го проверува телефонот.

Критиката на Фејсбук е најдобриот скеч на Саша Барон Коен до сега

Во говор кој инстантно се рашири, Саша Барон Коен, по основа на анти-семитизам и слични зла пред некое време го обвини Фејсбук дека е „најголемата пропагандна машина во историјата“, порачувајќи „само замислете што Гебелс би можел да постигне со Фејсбук“. Тоа што Барон Коен изостави, е дека Фејсбук за некои е слобода.

Поскапеа инфлуенсерите

Во вест што ќе го израдува секого кој објавува постови за порција крилца на попуст и сонува дека еден ден може ќе дотера и до пар патики, агенција за анализа на пазарот објавува дека цените за инфлуенсерството се скокнати за над 10 пати.

Додека тие се чудиш како ТикТок успеа да се прослави

Пред повеќе од една година кинеската апликација Музика.ли беше повторно лансирана под новото име - ТикТок. Од тогаш новата апликација стана сериозна закана за американските социјални мрежи, во добар дел и затоа што само во САД троши по 3 милиони долари на маркетинг на ден.

Рекламен пост на Инстаграмот на Роналдо чини 975.000 долари

Аналитичкиот веб сајт Hopper ги изучил Инстаграм профилите на познати луѓе од разни области (спорт, лајфстајл, фитнес, патешествија, убавина, исхрана итн) и пресметале колку чини рекламен пост на тие акаунти.

Дизни, Нестле и Фортнајт ги повлекоа рекламите од Јутјуб по обвиненијата за педофилија

Сè е убаво со рекламирање на социјални мрежи и вадење пари од корисничка содржина се додека не се појават првите обвинувања дека твојата платформа се користи од педофилска група, како за непречена комуникација, така и за ширење на педофилска содржина.

Како тинејџерки мислат дека треба да изгледаат за на Инстаграм

Фотограф ангажира 15 тинејџери на возраст од 13 до 19 години, ги фотографира и има ги дава сликите да ги уредат колку што мислат дека треба пред да ги објават на Инстаграм или кој и е да е друг социјален медиум.

Внимавај на ѕвезди*ката: подемот на еден подзаборавен знак

Веројатно сте го виделе на социјалните мрежи, како начин нешто (лажно) да се прикрие. Но и како ознака на иронија или презир. Стар знак кој добива нови значења.