Многумина се расфрлаат со термините „зависни“ и „зависност“ кога зборуваат за социјалните мрежи, но не е така едноставно да се сврсти нивното користење баш во „зависност“. Ова го објаснува Ерин Калипари, професорка и специјалист за зависности во Медицинската школа Вандербилт. Сепак, според неа, некои луѓе дефинитивно покажуваат вакво однесување - и постои причина за тоа.
Креаторите на популарните социјални мрежи го изучуваат основното човечко однесување за да ја зголемат активноста на платформите. Социјалните мрежи користат различно засилување. Кога сте активни, веројатно гледате ново. Непредвидливо е, и тоа им се допаѓа на луѓето.
Се кликаа и се освежуваа апликациите кога паднаа затоа што луѓето имаат равиено навика да го прават тоа во текот на целиот свој ден. Идејата дека можеш да следиш што прават роднините и моменталните и поранешните пријатели е многу атрактивна за нашиот социјален интерес. Луѓето следат и луѓе што имаат слични интереси и си ги потврдуваат сопствените уверувања, што исто така ги навлекува.
Сепак, како да знаеме дали користењето на социјалните мрежи ни станува проблематично? Загрижувачки станува кога сме преокупирани со социјалната мрежа додека не ја користиме, или кога ни се менува расположението ако се вратиме на неа. Други симптоми можат да бидат конфликти заради претераното користење, а при обиди да напуштат социјална мрежа, на некои луѓе им се случуваат и симптоми на откажување, па дури и релапс, кога се враќаат назад.
Важно е и колку употребата на социјалните мрежи се меша во други работи што треба да ги правиме: плаќање сметки, завршување обврски и слично. Препораката е да внимаваме колку време поминуваме таму и да се трудиме да избегнуваме што е можно повеќе.
Од помош може да биде и исклучување на нотификациите за да не мораме да ѕирнеме веднаш штом некој ќе искоментира. Општо, треба да се биде свесен и со намера да (не) се поминува времето онлајн. Тајмери се добра идеја ако сакаме да го ограничиме времето, но ако сѐ ова ви е пробано и сѐ уште висите на некоја платформа, тогаш, експертите велат дека е време за драматична акција: апстинирајте и готово. Пауза. Фејсбук, Инстаграм, ТикТок и Твитер сѐ уште ќе бидат тука кога ќе се вратите.