Тоа се оние луѓе кои за секој здравствен симптом што го имаат, или - најчесто - си умислуваат дека го имаат, веднаш бараат чаре на - интернет. Па ќе најдат сродно глупи сајтови од кои дополнително ќе се испоплашат, или форуми со сроднo глупи луѓе па таму ќе си се лажат, сè добронамерни паталци, сè од прва рака, сè „имам читано дека...“ Па знаете ли колку нè коштаат таквите ликови?