За петте најчести видови на операции кои се изведуваат во центарот во Њу Хемпшир вкупниот број на препишани лекови против болка паднал за цели 53% а се утврдило дека пациентите дома не ги ни испиле сите добиени аналгетици.
„Докторите се луѓе кои почитуваат податоци. Ако им дадете јасни и конкретни упатства, ќе ги следат„ вели човек кој го водел ваквиот проект.
А тие, дури и оние најискусните, најчесто препишуваат повеќе аналгетици отколку што треба (ако, нека има) за да не испадне малку па да се враќаат луѓето по нова доза. Патем, работат и под постојан притисок на „корисничкото задоволство“ односно показателите колку пациентите се задоволни од нив. А ако ги боли, обично не се.
Ваквата галантност во потпишувањето рецепти доведе до епидемија на зависници од легални опоиди (види ја статијата: Препишана смрт). Од 2.000 година од овердозирање со препишани лекарства починале 180.000 луѓе.
Државата на различни начини се обидува да ја доведе ситуацијата под контрола. Во сите држави (освен Мисури) е воведен мониторинг систем а и осигурителните компании почнуваат да вртат телефони кога некоја установа почнува да ги надминува просечните квоти на издадени рецепти, пишува Вашингтон пост.