Во чисти бројки во САД на вкупно 300.000 корисници на хероин, имало вкупно 6,8 милиони луѓе кои злоупотребувале лекови.
Истражувањето е од 2012-та, а во него лековите се втората најчесто злоупотребувана супстанца, и заостануваат единствено зад марихуаната. Во генерален пласман кокаинот и халуциногените дроги почесто се користат од хероин.
И покрај тоа што генералниот став е дека користењето на хероин станало епидемија, според експертите (луѓето од CDC - Centers for Disease Control) тоа уште не е на ниво кое ги исполнува условите за да биде епидемија. (Ова не значи дека хероинот не преставува проблем и дека неговото користење не се зголемува.)
Проблемот е што анализите покажуваат дека растот на зависници од хероин е предизвикан од проблемот со лековите на рецепт. Неодамнешен извештај на американските власти (Substance Abuse and Mental Health Services Administration) покажува дека 4 од 5 нови корисници на хероин претходно нелегално користеле апчиња против болка.