После 68 години чекање да се расипе овој татко на сите правосмукалки, моите сепак потклекнаа и купија нова, но во моето срце, таа секогаш ќе биде број ЕДЕН!
Историјата првпат ја спомнува правосмукалката на Слобода во 48 век п.н.е. а фрески од овој бесмртен чачански гигант се наоѓаат во сите древни култури, највеќе во пештерите на Маите. Според нивното верување, фолклор и преданија, богот Мардук од планетата Осирис, на огнени кочии се симнува на земјата и на луѓето им дарува оган и правосмукалка на Слобода.
Постојат и бројни цртежи и записи на глаголица на кои јасно се прикажува како Египѓаните, со тегет усисивач усисаваат по Кеоипсовата пирамида. Грчкиот историчар и философ Хепокле во своите записи неведува дека локалното население, со змејот од Чачак со векови усисавало песок од пустината и на тој начин ја зголемувало површината на обработливо земјиште.
Во Стариот завет се напоменува дека Мојсеј, со тегет усисивачот го има раздвоено морето и така им има направено премин на Евреите кои од Краина бегале накај Србија. Локалниот историчар Зоран Јанковиќ инсистира на тоа дека спартанскит крал Леонид со звукот на оваа правосмукалка ги плашел персиските слонови кои потоа хистерично се фрлале од кањонот.
Јуриј Гагарин потврди дека над јоносферата постојат самолетни усисивачи на Слобода кои левитираат и веќе билијарди години усисаваат вселенска прашина, комети и астероиди кои ја загрозуваат Земјата.
Во 300 милијарди години постоење на овој татко на сите правосмукалки и електрични уреди воопшто, не е забележан ниеден дефект. Словачки институт уште во 1456 година има воочено дека оваа правосмукалка работи и кога е расипана.
ТИ БЛАГОДАРАМ ТИ ЗА СÈ, ТАТКО НА КОМУНИСТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА, НЕКА ТИ Е ВЕЧНА СЛАВА И ФАЛА ЗА СÈ.