Образовно видео (веројатно некаде од 70-те) за тоа како треба да се однесува старешина на ЈНА. - Старешина кој е во униформа може да носи чанта или помал уредно спакуван пакет. Носење најлон кеса, макар и сиво-маслинеста боја не е дозволиво. - Иако ретко ќе наидеме на старешина кој шета со двете раце во џеб, многу се почести случаите на старешини кои едната рака ја чуваат во џеб. - Старешини не смеат да пушат на улица или во присуство на повозрасен без негово одобрување. - На воените лица изречно им е забрането автостопирање.