Таг: ЈНА

Стадионско лудило во Белград во исто време

Стадионите на Црвена Звезда и на Партизан се први комшии. Толку се блиску еден до друг што кога ќе се погодат да играат во ист термин дома (права реткост), почнува фешта. Како во неделата попладне кога црно-белите славеа титула, а црвено-белите се куражеа за финалето на Купот кое се игра во сабота на ЈНА.

Бушавата азбука на Драган Џајиќ

Југопапир е страна која што се занимава со пронаоѓање и обработка на стари вредни исечоци од весници. Нам во око ни падна рубриката од А до Ш во која детали за себе открива младиот Драган Џајиќ.

Партизан прослави 70 години постоење

Претставата „Добро паметам сè" во режија на Неле Карајлиќ и Драган Бјелогрлиќ синоќа ги воодушеви гостите на прославата на јубилејот 70 години од основањето на спортското друштво Партизан.

ЈНА офицер и џентлмен

Образовно видео (веројатно некаде од 70-те) за тоа како треба да се однесува старешина на ЈНА.
- Старешина кој е во униформа може да носи чанта или помал уредно спакуван пакет. Носење најлон кеса, макар и сиво-маслинеста боја не е дозволиво.
- Иако ретко ќе наидеме на старешина кој шета со двете раце во џеб, многу се почести случаите на старешини кои едната рака ја чуваат во џеб.
- Старешини не смеат да пушат на улица или во присуство на повозрасен без негово одобрување.
- На воените лица изречно им е забрането автостопирање.