Стадионите на Црвена Звезда и на Партизан се први комшии. Толку се блиску еден до друг што кога ќе се погодат да играат во ист термин дома (права реткост), почнува фешта. Како во неделата попладне кога црно-белите славеа титула, а црвено-белите се куражеа за финалето на Купот кое се игра во сабота на ЈНА.