М - Маштав (фантазирав) еден ден да станам оџачар или професор. Станав фудбалер. Судбината навистина е непредвидлива.
Н - Новинарите отсекогаш сум ги почитувал и ценел. И имам разбирање за нивната работа. Поа тоа ми се чини имав само неприлики. За мене се пишуваше сè и сешто. А луѓето, оние обичние кои ме ценат и сакаат често не знаеа што да мислат за мене. Поради тоа е разбирливо што денес сум толку резервиран и затворен во себе.
Њ - Њихово (нивно) право на новинарите е да пишуваат објективно. Никогаш не се лутам кога ми даваат послаба оценка од онаа што ја заслужувам, но има некои новинари кои пишуваат тенденциозно за мене и сакаат да ги тргнат навивачите од мене. Тоа секако нема да им појде од рака. Порачајте им го тоа слободно...
О - Обишао (го прошетав) целиот свет. И веќе како да немам желба да патувам во ниту една земја.
П - „Пеев за една дискографска куќа и снимив плоча со народни мелодии. Денес тоа никако не можам да си го простам на себеси. Не ми требаше тоа. На Запад можеби не би било чудно, но кај нас..."
Р - Ружица Сокиќ најмногу ја ценам од сите домашни глумици и глумци. Театарски. А од филмските - Милена Дравиќ.
С - Среќен сум кога добивам. Во било што, па макар и на билијард. На поразите не сум навикнат иако се составен дел од спортот.
Т - Тражио (барав) што поскоро да одам во Армијата. И ќе се трудам да бидам што е можно подобар војник, за да ги демантирам приказните дека фудбалерите по правило се слаби војници.
Ч - Чевапи (ќебапи) со кајмак - тоа е моето најомилено јадење на скара.
У - Уб. Моето родно место и најпријатно ми е кога од Белград ќе избегам на неколку дена и во Уб ќе поиграм мал фудбал со другарите од детството.
Ф - Фискултурата во восјка ми е најтешка. Просто како да не сум спортист, а ни рано се станува па....
Х - Хајката на нас фудбалерите е неправедна. Има толку многу професии каде што многу се заработува, а ние фудбалерите сме „црни овци" во друштвото. Сè излегува по онаа народната: „Викаат по волкот, а лисиците месото го јадат".
Ц - Цигара палам само кога сум страшно нервозен. А тоа се случува многу ретко.
Ч - Чекањето ужасно ме нервира. Никогаш не сум сакал да чекам, а најмалку девојки на состанок. А и јас сум осуден да чекам. Чекам сега писмо од една мала од Белград.
Џ - Џејмс Џојс. Земав да ја читам неговата книга „Даблинци". Ми се допаѓа како пишува.
Ш - Шах како играм би можел да се борам во една од категориите. За разлика од мене, мојот кум Милован Ѓориќ кој ми е спаринг партнер би можел да се бори за тешка категорија во шахот.