Белградскиот Народен театар синоќа беше домаќин на музичко-сценската претстава која за цел имаше да потсети на богатата историја на спортското друштво Партизан кое е основано на 4. октомври 1945 година.
За 70 минути, глумците Предраг Ејдус (дедо Радисав), Ненад Јездиќ (татко), Алексеј Бјелогрлиќ (син Дејан) и Нада Шаргин (мајка) играа семејство навивачи на Партизан кои љубовта кон клубот ја пренесуваат од колено на колено. Хорот на Народниот театар и панк бендот Група ЈНА допринесоа за емотивната вечер во која меѓу гостите беа поранешни и сегашни играчи, глумци, министри, како и навивачи на Партизан.
Фудбалскиот клуб Партизан е основан на 4. октомври 1945. година како дел од Југословенското спортско друштво Партизан. Истиот ден заживеале и секциите за атлетика, шах, кошарка и одбојка. Два дена по основањето, на 6. октомври играчите на Партизан за првпат излегле на терен и ја победиле репрезентацијата на Земун со 4:2. .Денес ова спортско друштво брои 25 клубови во исто толку спортови.
ФК Партизан 25 пати бил државен првак и 12 пати го освојувал националниот куп. Во 1966. година Партизан станал вицешампион на Европа после поразот од Реал Мадрид 1-2 во финалето во Брисел. Рекордер по бројот на настапи е Момчило Вукотиќ кој одиграл 791 натпревар а рекордер по број на голови за црно-белите е Стјепан Бобек со 425 голови.
Црно-белите играат на стадионот ЈНА кој има капацитет од 32.710 седишта. Сезонава белградскиот состав игра одлична сезона во Лигата на Европа каде има 2 победи на 2 натпревари во група со Атлетик Билбао, АЗ Алкмар и Аугзбург.
Извадоци од синоќешната претстава:
Целиот настан: