Како се брани буџет

Парламентарните расправи за буџетот кај нас секогаш биле повод за закрвување, особено последната (ги памтите ли тие дрпања микрофони и камери за пренос на комисии, дерњави, опколувања на спикерот, обезбедување, тегнење и исфрлање пратеници и новинари од галерија, хаос, пичке, лудило...). Затоа, одиме во Велика Британија.

Буџетот го презентираше и бранеше Филип Хамонд кој покажа шармантна смисла за хумор.

Смешно за сите, освен можеби за опозициониот лидер Џереми Корбин. Ама затоа премиерката Тереза Меј, грохотом се смееше и за него.

Три цаки.

Од Финансии корисно ме потсетија дека јас не сум првиот кој обелоденува пролетен буџет. Пред 24 години, истото го има направено Норман Ламент. Тогашниот премиер го опишал тоа како „вистински буџет од вистински човек“. Меѓутоа, она што пропуштија да ми го кажат е дека 10 недели подоцна, Ламент добил отказ!

***

Пазарна економија која функционира добро е најдобар начин за испорачување просперитет и сигурност на работничките семејства и несупешните литании на Лабуристите за државна контрола на индустријата, кај никого не оставаат простор за сомнеж околу тоа.

Освен, очигледно, кај Чесниот Џентлмен од спротива (мисли на Корбин - н.з.) кој сега е толку влезен во црна дупка што и Стивен Хокинг се има откажано од него.

***

Чест ми е што ја имам можноста да го искористам Меѓународниот ден на жената за да обзнанам три дополнителни мерки.

Всушност, не ќе се баш три бидејќи мојата драга премиерка веќе обелодени две.

На што Тереза Меј дофрли:

- Па Осми март ми е!

 

9 март 2017 - 12:30