Во пресрет на првото Државно првенство во „Катан“, кое ќе се одржи на 20 август од 11 часот во „Јавна соба“, рецепти инспирирани од оваа игра-бестселер, и причина повеќе да почнете да ја играте - ем друштво, ем добра храна.
За вкус треба сол и треба зејтин. Не треба кофа зејтин и пакет сол, ама пак треба да има повеќе од тоа „три капки, пет капки“, и има кога се става. Плус уште неколку финти.
Наместо да ги кријат, некои луѓе одлучуваат да ги споделат своите најдобри рецепти „преку себе мртви“ - ставајќи си ги како епитаф. Главни се колачи кои потомците ги памтат како „заштитен знак“ на семејните прослави.