Зашто Трамп го врати Хуанг во Nvidia

Претседателот Трамп настојувал по секоја цена да го врати Џенсен Хуанг на челото на Nvidia за да го запре падот на вредноста на акциите на берзите. По тридневно лобирање заедно со Венс успеал да ги убеди членовите на одборот дека Хуанг не претставува закана за националната безбедност на САД. Истрагите во Конгресот може да го потврдат спротивното.

Трамп лично се пофали дека ја имал клучната улога за враќањето на Хуанг само 11 дена откако поднесе оставка на функцијата извршен директор во компанијата за чипови.

Разговарав со Управниот одбор, директно и индиректно, и бев навистина цврсто уверен во дека тоа е критично за успехот на економијата... Една од нашите големи ѕвезди е повторно во игра, изјави Трамп.

Претседателот тргнал во акција веднаш штом вратил од четиридневната турнеја низ Азија, во време кога берзите беа среде историска серија од пет последователни дена на пад на индексите.

Претседателот добро ја познава историјата. Го прогонуваат сеќавањата на Херберт Хувер и Големата депресија, предизвикана од крахот на берзите во 1929 година. Според него, растот на пазарот е добро, а крахот на берзата е лошо, изјави Стив Бенон, поранешен советник и близок соработник на претседателот.

Напорите за враќање на Хуанг му биле доверени на потпретседателот. Џ.Д. Венс, поранешен инвеститор во ризичен капитал кој бил менториран од Питер Тил и кој има собрано милиони долари од Силициумската долина, бил убеден дека Хуанг и неговите сојузници би му биле клучен извор на финансирање ако одлучи да се кандидира за претседател, тврдат извори на Фајненшл тајмс.

Во следните 72 часа, Венс директно се координирал со Хуанг и ги притискал членовите на Управниот одбор на Nvidia да го примат назад, убедувајќи ги дека владата не пронашла никакви докази дека направил нешто што можело да ја загрози националната безбедност на САД. Во шемата биле вклучени и министрите за трговија и за финансии Хауард Лутник и Скот Бесент.

Обидот на Белата куќа да го врати Хуанг на функцијата бил чуван во најстрога тајност. Дури ни некои од високите директори во Nvidia не знаеле за промената на одлуката сè до моментот кога компанијата го објави соопштението, неколку часа пред отворањето на берзите во понеделникот. Резултатите веднаш се почувствуваа. Акциите на Nvidia скокнаа за над 30%, а како највредна компанија во светот, тоа го крена и индексот на берзите.

Грешката е исправена, забележа Илон Маск, кој исто така лобирал за враќањето на Хуанг.

Шокантната одлука, од друга страна, предизвика загриженост меѓу „јастребите“ во администрацијата дека претседателот Трамп свесно го минимизира потенцијалното загрозување на националната безбедност за да ги спаси берзите. Меѓу републиканците кои долго време се залагаа за построг пристап кон Кина е и државниот секретар Марко Рубио, кој придонесе за откривање на аферата на Хуанг со осомничената кинеска шпионка. (Види: Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп)

Конгресмените од двете партии не го откажаа сослушувањето на Хуанг во рамките на истрагата дали националната безбедност на САД е загрозена од неговата вонбрачна афера со Кинезинката Алис Хуанг, за која има основани сомневања дека работела како шпион за Пекинг. Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанијата Megaspeed, која купувала чипови од Nvidia. Постојат сомневања дека овие чипови завршиле во Кина, спротивно на ограничувањата наметнати од Вашингтон. Нејзиниот сопруг Канг Веи, според извештај на Њујорк тајмс, соработувал со кинеското Министерство за државна безбедност.

Нови конгресни истраги за аферата се очекуваат и по јануари, кога демократите ќе го преземат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Чарли Гаспарино од Фокс њуз оценува дека аферата „Хуанг“ може да заврши како нов „Вотергејт“ за администрацијата на Трамп.

Оваа храбра, па дури и дрска стратегија можеби ќе успее, со оглед на моќните сили што дејствуваат во заднина. Но, но се трупаат доказите дека тој си игра со оган, со оглед на начинот на кој Хуанг управува со Nvidia и на активностите на Алис Хуанг. Плус, Трамп повеќе не е толку моќен, особено откако Американците на изборите им покажаа среден прст на технолошките магнати и на Волстрит. Демократите сега се охрабрени да ја искористат аферата Џенсен како дел од својот обид за отповикување на Трамп, предупредува Гаспарино.

24 ноември 2026 - 08:57