Прочувајќи ја динамиката на најчестата човечка активност, одењето, научници дошле до заклучок дека нашиот организам постојано работи на тоа да ја намали потрошувачката на енергија и да ги оптимизира движењата за да дојде до најмалку напорното решение.
Тие оптоварувале поедини делови на телото на човек кој оди и сфатиле дека за само неколку минути, тој несвесно го менува сопствениот стил на одење за да му биде полесно. А ако е тоа случај со одењето кое ни е навежбано со милиони чекори направени во животот, тогаш науката претпоставува дека истото важи и за останатите физички активности.
Ваквите наоди не се толку чудни ако се има предвид дека човекот и онака преферира да ги прави работите најмалку напорни што може - кога до некое место оди по најкраткиот пат или кога седнува наместо да стои.
"Обезбедивме психолошка база за мрзеливоста покажувајќи дека и при добро увежбани движења какво што е пешачењето, нервниот систем автономно ја мониторира енергија и постојано ги оптимизира движењата за да ја минимизира потрошувачката", вели истражувач на Универзитетот Сајмон Фрејзер од Ванкувер.
Минимизирање на потрошувачката на енергија е основен принцип кој ги раководи повеќето наши движења, порачува тој.
Истиот механизам веројатно секојдневно ги разочарува оние кои веруваат дека со напорни вежби ќе успеат да ја потрошат софрата која ја изеле, несвесни дека нивниот нервен систем работи против нив.
Од друга страна, ваквото прецизно мониторирање и оптимизирање на енергијата сведочи за еден импресивен нервен систем кој го поседуваме.
Со други зборови, треба да си паметен да бидеш мрзлив.