Како сите му се имаат з'гнато на тоа јагенот, човек да помисли дека само што не дошол денот кога ќе мора под рака да диламе ќумурчиња за скара. Не ќе да е така; надлежните агенции проценуваат дека глобалната побарувачка на јаглен ќе се зголемува и наредните пет години.
Не е тајна дека Илон Маск го сака Марс. Толку е опседнат со заминувањето таму што некогаш се чини дека дигнал раце од оваа планетава. Неговиот кломерцијален ривал, Ричард Брансон, мисли дека Маск треба малку да се спушти на земја.
Додека чекаме лек за рак или барем научно решение за патики што не смрдат, ни доаѓа коперникански пресврт во дилемата зошто фламингата стојат на една нога. И погодете што е откритието: стојат на една нога затоа што така им е полесно.
Бидејќи човечкиот ќеиф слабо проаѓа како кауза, оваа благородна цел за тродневен викенд може да се бутка во име на позвучните пароли за екологија и заштита на околината. Јер факт е дека кога ние одмораме, одмора и планетата.
САД се неверојатен потрошувач на енергија. Последниве години ги претица Кина но само во поглед на користењето јаглен. Во однос на нафтата, САД и натаму трошат двојно повеќе од Кинезите. Следува една мапа на која секоја сојузна американска држава е претставена со својот глобален еквивалент во поглед на општата потрошувачка на енергија.
Коста Рика успешно ја реализира својата мисија да стане најзелената држава на светот и во досегашниот тек на 2015-та воопшто не користела фосилни горива за производство на енергија.