Благодарејќи на одржливоста на експлоатацијата, цената на природниот гас нема значајно да се менува во следниве две децении. Во Северна Америка ќе остане меѓу 4 и 5 долари за за 28 кубни метри, во следниве две децении.
Истражувачите на IHS CERA тврдат дека дури и по долната граница од 4 долари па и пониско, можат економски исплатливо да се извадат доволни количини природен гас кој ги задоволува и сегашните и проектирано повисоките потреби.
Во САД, домаќинство кое се грее на гас, годишно заштедува 5,731 долар во однос на домаќинствата кои користат електрична енергија.
CERA предвидува ефтиниот природен гас до 2025-та година да креира 300.000 работни места и да привлече 500 милијарди инвестиции во хемискиот сектор.