Брансон оценува дека приоритет на човештвото не се опциите за интерпланетарни колонизации туку наоѓање решенија за растечките проблеми на матичната планета.
„Илон е комплетно фиксиран на одење на Марс и мислам дека тоа е неговата животна мисија. Џеф Безос и ние од групацијата Вирџин сме повеќе заинтересирани како да ја искористиме вселената за добробит на Земјата“, рече милијардерот.
Како примери на паметно освојување на просторот околу нас тој ја посочи можноста за поставување флота сателити кои ќе мониторираат сè: од глобалните нивоа на метан до нелегалното рибарење.
Од друга страна, Маск се фокусира и на енергетските предизвици.
„Ако немате одржлива енергија, тоа значи дека имате неодржлива енергија а тоа пак значи дека таа еден ден ќе ви се потроши“, вели првиот човек на Тесла проценувајќи дека е неизбежно да се дојде до сигурен модел на одржлива енергија кој ќе го поддржи опстанокот на цивилизацијата.
Критиките на Брансон доаѓаат во време кога студии откриваат сè поголем импакт на глобалните климатски промени не само врз човекот туку врз целокупното опкружување, На пример, дека три четвртини од летечките инсекти во Германија се исчезнати во последниве 25 години.