Таг: марс

А на Марс уште повеќе вода

Марс има своја џиновска верзија на Големиот кањон и сега научниците откриваат дека таму се наоѓаат „значителни количини вода“.

За астронаутите испраќање астронаути на Марс би било глупо

Еден од првите луѓе што ја има обиколено Месечината објаснува дека е глуп планот за испраќање човечка мисија на Марс. Не е против истражување со вселената, само тоа со Марс е глупо.

Фотографија од изгрејсонце на Марс претворена во музика

Вчера, 26.11, на Марс успешно се примарси (соодветна варијанта на „приземји“) сонда на НАСА, која за да стигне таму помина пат од 428 милиони километри во тек на шест месеци. Нејзиното слетување предизвика големо медиумско внимание. Но притоа сите како да заборавија на еден постар „жител“ на Марс испратен од Земјата - роботче, кое по напорна кариера неодамна се самопензионира.

Проблемот со населувањето на Марс - рак

Од групата што моментално претендира да однесе човек до Марс (меѓу кои и Кина, Русија, Елон Маск...) најголема веројатност за успех има НАСА која планира тоа да го направи во следни 15 до 20 години. Една неодамнешна студија само го надополни постојниот список на проблеми околу проектот „човек на Марс“.

Пак вода на Марс

Оправдано ќе ви зазвучи како реприза, ама научниците овој пат тврдат дека стварно нашле вода на Марс.

НАСА немаат вода во очи

Односот меѓу човештвото и Марс се враќа на статусот од пред 2015, откако водата што НАСА тврдеше дека пред две години ја открила на Црвената планета излезе дека е само песок или прашина.

Брансон: Маск со Марс го претера

Не е тајна дека Илон Маск го сака Марс. Толку е опседнат со заминувањето таму што некогаш се чини дека дигнал раце од оваа планетава. Неговиот кломерцијален ривал, Ричард Брансон, мисли дека Маск треба малку да се спушти на земја.

#Свестетесе!

Алекс Џонс, прототип за сеопфатна човечка мизерија, кој би да сее беда и мрак сè додека сите не почнат да се чувствуваат мизерно барем колку него, пред некое време во својата емисија имаше гости што тврдат дека НАСА на Марс има колонија со киднапирани деца робови. И сега НАСА ни крива ни должна, заради тинтрање на јавноста, губи време на демантирање.

Најважните детали од планот на Елон Маск за стигање до Марс

Маск во журналот Нова вселена прв пат подетално го образложи својот план за човековото стапнување на Марс. Иако најголемиот дел се уште е во фаза на планирање, логиката на Маск е дека објавувањето на плановите е важен прв чекор за идејата за стигнување до Марс да почне да изгледа како изводлива за човештвото.

Погрешно преведениот збор кој доведе до најдобрите лажни вести на 20 век

И во 21-иот век „Марсовец“ е сè уште генеричко име за вонземјанин, бидејќи токму со оваа планета е поврзан и нашиот страв од непознатото, но и желбата за освојување нови светови. Едно лингвистичко недоразбирање ја има подгреано надежта дека таму навистина има живот.

Претставата со над 500 ликови која требало да се игра на Марс

Најдолгата драма на сите времиња, „Последните денови на човештвото“ на Карл Краус е замислена да се игра десет ноќи, на друга планета. А можеби на оваа, ако таа некогаш стане подобро место за живот.

ЦЕО-то на Боинг вети дека ќе стигне на Марс пред Маск

Боинг е компанијата која му помогна на САД да го победи Советскиот Сојуз во испраќање човек на Месечината. И покрај неколкудецениската предност Боинг моментално каска зад Спејсикс на Елон Маск во истражувањето на вселената.

Одиме на Марс

Визионерот со многу пари го обелодени својот план за префрлување луѓе на планетата која има најмногу услови за започнување нов живот. Марс е можен, порача Маск.

НАСА, прекини да лажеш

Ниту имате план, ниту имате пари за стигање до Марс, и двете треба под итно да ги средите или откажете се од намерата, е пораката до НАСА од комисијата на претставничкиот дом на САД за наука, вселена и технологија.

Марс да почека да се залепиме

НАСА реши да ја одложи следната мисија на Марс. Еден битен дел не им дихтува.

Зошто треба да одиме на Марс?

Доктор Роберт Зубрин е основач и претседател на Марс здружението на НАСА. Ова е неговиот брилијантен одговор на прашањето кое го знае како секој ден да го одговара пред самиот себе.

НАСА сфати што се случило со водата на Марс

Во однос на атмосфера, Земјата и Марс пред околу 4 милијарди години се речиси на исто ниво. Денес атмосферата на Марс е околу 100 пати потенка отколку на Земјата. Тоа што се случило во овој период во основа се сведува на промаја.

За водата на Марс

Откако го објавија најголемото откритие во последните неколку децении, како што е ред луѓето на НАСА седнаа на интернет за да се пофалат што направиле и по пат да одговорат на прашања околу откритието.

Марсовците имаат аква парк

Научниците на Марс пронајдоа молекули кои можат да се формираат само во присуство на вода. Иако не наидоа на барем вир вода, ова е уште еден знак дека на Марс можеби некаде жубори.

НАСА откри вода на Марс

Во пет документи кои ги објави во магазинот Science, НАСА ги опишува експериментите по кои тие се сигурни дека на Марс има вода.

Хаику во вселената

НАСА во ноември ќе испрати ново летало во вселената. MAVEN има мисија да ја испита атмосферата на Марс, а за нејзино поетско збогатување со него ќе бидат испратени и 1,100 хаику песни, кои беа одбрани на конкурс организиран од Универзитетот во Колорадо.

Само сув да остане

НАСА најдлабоко се надева дека за време на својата мисија Кјуриосити под никакви услови НЕМА да најде вода на Марс.

Панорама од Марс

Комплетно средена и функционална панорама од Марс од 360 степени. Не е нешто посебно одржувано местово, ама пак - панорама од Марс.