Пред нашиот свет да биде преплавен со книжевна и филмска научна фантастика која се однесува на Марс, црвената планета веќе имала длабоко навлезено во новинарството. Според статистика на спомнувања на терминот „Марс“ во Њујорк Тајмс, на пример, од 1860 до 2016-тата неговата популарност на моменти растела па опаѓала, но тој никогаш не бил сосема отсутен од јавниот дискурс (и имагинација).
Во раните статии е тешко да се разлачат фактите од фантазијата, а за сето тоа меѓу другото е заслужен еден единствен, погрешно преведен збор. Џовани Шчиjапарели (на сликата горе), исталијански астроном, кој го набљудувал Марс во 1877, изјавил дека гледа канали на површината на планетата. Со време ќе биде утврдено дека се работи за оптичка илузија, но ова „со време“ значело неколку децении. Неговиот избор на термин за опишување на каналите - "canali" - на англиски, веројатно од пуста желба, е сфатено во смисла на „иригациски систем“ а не на обични бразди во почвата. Така во САД на преминот од 19 во 20 век ја пренел оваа вест Персивал Ловел (основачот на опсерваторијата под истото име), кој и самиот извршил набљудувања на планетата скоро дваесет години подоцна.
„Веста“ според која ваквите канали докажуваат присуство на интелигентен живот на Марс била зграпчена од научно-популарните рубрики на тогашните весници. Самиот Ловел пишувал текстови за некои од нив, во кои ги анализирал геолошките својства на планетата и карактеристиките на марсовското општество, кои (наводно) овозможуваат такви големи иригациски проекти.
Стории на слични теми се стандардни за весникот до 1920-тите, со наслови од типот ИМА ЖИВОТ НА МАРС (од 1906) до МАРСОВЦИТЕ ИЗГРАДИЈА ДВА ОГРОМНИ КАНАЛА ЗА ДВЕ ГОДИНИ (од 1911). Фрчеле и писма помеѓу читателите и уредништвото, во кои детално се дискутирало за способноста за изградба на инфраструктура на работниците од Марс. Притоа најголемиот застапник на теоријата за каналите во Њујорк Тајмс, Валдемар Кемпферт, во 1927 станал уредник на научната рубрика, позиција на која се задржал цели 26 години, со краток прекин за да управува со - Музејот на наука и индустрија во Чикаго!
Научните откритија воделе кон нова научна фантастика и обратно - научната спекулација водела кон нови начини на раскажување за Марс. Веројатно приказните за „канали“ на црвената планета веројатно биле инспирирани од тогаш новите канали во Суец и Панама. Но истите си го нашле патот и во книжевноста од тоа време поврзана со неа. Размената помеѓу науката и популарната култура важи и денес, па она што денес го гледаме во „Вестворлд“ или во „Црно огледало“ е токму таква комбинација на замислено и реално, кое колку што зборува за иднината, толку зборува и за состојбата на нашиот сегашен ум.