Наративот кој следуваше и стана општоприфатен по неочекуваната победа на Трамп на изборите 2016 е дека таа се должи на лажните вести, во добар дел создадени од руски извори, а разгласени и раширени од Фејсбук и Твитер, беа прегледани милиони пати од делот на гласачите кои сакаа да чујат за недоверливоста и одбивноста на Хилари Клинтон. Ваквата смеса потоа само беше распламтувана од новинските сајтови на алт-десницата, во голем дел благодарејќи на информативните балони во кои Американците успеаа да се затворат.