1. Твитер бомба уште рано, рано наутро, обично ама не и задолжително темпирана со некоја изјава од „Фокс и пријателите“. Твитер бомбата најчесто удира по одредени „лажни вести“ и некои општествени теми поврзани со раси.
- Во рок од неколку минути, илјадници Твитер следбеници на Трамп го ретвитаат ова, на што има и контра-реакција од другата страна по што работата се распламтува. Трамп го знае ова и се има фалено пред својот персонал за „бурата“ што ја предизвикува со секое објавување на твит.
- Бројки: Како претседател, Трамп 124 пати има твитнато за лажни вести, претежно пред 9 часот наутро, а неговите твитови за лажни вести во просек добиваат повеќе ретвити и лајкови.
2. Машината на гневот почнува да врти. Првиот час од утринската програма на Ен-би-си е потрошен на реакција на утринската или вчерашната твит бомба на Трамп, меѓутоа вистинската акција се случува на Твитер, каде бројни новинари и активисти во знак на протест го истураат својот гнев.
- Конзервативниот колумнист Брет Стивенс во текст за Њујорк тајмс забележува: „Тој покажува подлабоки нивоа на контрола со самата негова способност што кога ќе посака може да ги навлече непријателски настроените медиуми со секое свое налик налудничаво проговорување.“
3. Будење на кабелскиот ѕвер. Ен-би-си / Си-ен-ен / Фокс сега во основа се 24/7 политика, а новинарите кои го следат Трамп на Твитер сега седат до водителите за да ја анализираат / осудат последната Твитер бомба. Тие твитаат некои од клучните Твитер реакции на бомбата. Гневот само расте. Циклусот се забрзува.
- Стивенс објаснува дека еден резултат на ова е „политичка опозиција која се истоштува самата себе - и добар дел од публиката - со својата постојана состојба на морални срцеви удари“.
4. Маргиналните почнуваат да налеваат оган. Бреитбарт вади серија стории, кои обично го поддржуваат Трамп или ја исмеваат кабелската хистерија на левицата. Ова добива голема публика преку Фејсбук, каде и двете страни гледаат да го надмудрат алгоритамот да функционира во корист на емотивниот одговор на нивниот тим. Паралелно со ова започнуваат и Твитер војни.
- Бројки: Најголем дел од најактивните Фејсбук страни за политика и вести во октомври 2017 се хипер-субјективните политички ФБ страни, а најпопуларната реакција на нив е „гневното“ емоџи.
5. Сите вадат свои мислења. До вечерните вести Ен-би-си оди до крајно лево, Фокс оди до крајно десно, достигнувајќи го пикот во терминот на своите најгледани програми (Медоу од лево и Ханити од десно), ставајќи ги под свое сите истомисленици со пријатни приказни за тоа колку биле дента во право.
- Бројки: Ханити репорт има просек од 3,1 милион гледачи од вечер во последниве 2 месеца, а Медоу е со просек од 2,6 милиони.
Легнуваме, лошо спиеме и утре пак го правиме истото. Како што прашува Стивенс во неговата задолжителна колумна: „Како да обрнеме внимание на ова без тоа да биде насочено кон него? Можеме ли да одговориме на неговиот гнев без да се удавиме во сопствениот?“