Во видеото, запрашана околу портпаролот на Трамп, Шон Спајсер, Французинката дава исцрпен одговор и ги брани позициите на Спајсер околу големината на толпата на претседателската инаугурација.
Проблемот е што Арди моментално има 73 години, а на видеото во кое образложува изгледа како да има 20, живее во Франција и никако не ја занима американска политика, а најверојатно нема ни чуено за Спајсер. Разговорот со Арди е дел од видеото "Алтернативно лице в1.1", кое е дело на германскиот уметник Марио Клингеман.
На прв поглед самото видео е очигледна монтажа што "компетентен уметник не би си ја дозволил". Кога малку ќе зачиташ ќе видиш дека ова е најужасното нешто што можело да се појави на интернет. Од Економист објаснуваат:
"Меѓутоа г-дин Клингеман не работи со програми за монтажа за да го состави видеото. Наместо тоа, на него му требаат само неколку дена за да направи клип на десктоп компјутер користејќи го ГАН (generative adversarial network), еден вид алгоритам што учи. Неговиот компјутер автоматски го исфрли видеото откако му беа дадени да студира музички клипови од г-ѓа Арди. Целото видео е снимка од нешто што не се случило."
Додека сето ова време пишаната вест целиот свој легитимитет го влечеше од изворот од кој доаѓа, видео снимките беа доволно легитимни сами по себе, без разлика од кој медиум ќе ги најдеш.
Она што го покажува Клингеман е сериозен апдејт на компјутерската способност да се лажира или монтира аудио по твој избор, на видео по твој избор, и сето тоа да изгледа најприродно и автентично.
Составувањето на аудио снимки кои не постојат, преку спојување зборови, до сега крајно успешно беше демонстрирано од неколку гиганти од Силициумската долина. Главен недостаток на системот е што за сега, за него се потребни масовни количества технологија и компјутерска моќ, кои им се достапни само на најголемите технолошки компании.
Визуелниот дел од равенката е далеку потежок се до 2014 кога Иан Гудфелоу го претставува ГАН- (што го користи Клингеман). Она што тој го прави поразлично кај алгоритмите за учење е што наместо да ги тера нив да создаваат нешто во вакум, тој му дава противник на алгоритамот, уште еден алгоритам, со кој се натпреварува и во однос на кого ги подобрува своите резултати. Противникот ја анализира генерираната слика и дава оценка дали таа е слична на она што до тогаш постои во базата на податоци. Задачата на алгоритамот е да успее да го прелаже противникот дека сликата што тој ја генерирал е вистинска.
За сега ништо од ова, како и видеото со Арди, не изгледа ни најмалку уверливо, што никако не ги паничи Гудфелоу и компанија имајќи ја предвид востановената стапката на развој и напредок на алгоритмите и процесорската моќ на компјутерите. Според Гудфелоу ние сме на околу 3 години од генерација Јутјуб фејкови што ќе изгледаат уверливо. Дури и кај тие што мислат дека ќе треба нешто повеќе време "дилемата не е дали, туку кога" ќе се појават.
Видеото генерирано на компјутерот на Клингеман: