Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Победа како предупредување

3 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бројките од локалните избори 2025 се како пресликани од циклусот во 2017 година, само што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги сменија улогите, пишуваат 360 степени.

  • Со вчерашниот втор изборен круг ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори усвои вкупно 54 градоначалнички манадати во општините плус Градот Скопје, што е за два мандати помалку од резултатот што СДСМ го постигна на локалните избори пред осум години, кога победи во 56 и во главниот град.

  • Ако се погледнат бројките заклучно со вчерашниот втор круг, актуелната владејачка партија, го има речиси истиот резултат како СДСМ во 2017 година. Истовремено, социјадемократите на овие локални избори го пресликаа многу слабиот биланс што нивните политички опоненти го доживеаја пред осум години.

  • Ако новите победници фатат да се курчат и бахатат како другиве, да им е јасно како ќе завршат.

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
4

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
5

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
6

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
7

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
8

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

3

Важна информација за битолчани

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

8

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Во добронамерноста на францускиот предлог не би поверувала ни француска собарка

Графит на денот

Лесно е да си iГенерал после битка

Манифестот на другар ни Тоше

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy