Едноставното објаснување е дека глупавите не сфаќаат дека се глупави. Во основа нив не само што не ги бидува за нешто, туку тие не можат ниту да сфатат дека направиле грешка.
"Успешното снаоѓање во секојдневниот живот бара луѓето да имаат увид во недостатокот на сопствените интелектуални и социјални способности. Како и да е, луѓето знаат да бидат блажено несвесни за сопствената некомпетентност. Овој недостаток доаѓа бидејќи луѓето кои имаат лоши резултатите имаат двоен проблем: недостатокот на способност ги лишува не само од умешноста да дадат правилни одговори на некоја ситуација, туку не се ниту способни да претпостават дека направиле грешка," се објаснува во есејот "Why People Fail to Recognize Their Own Incompetence," објавен во журналот Current Directions in Psychological Science.
Луѓето го оценуваат успехот врз основа на сопствените сфаќања и норми за тоа што е успех, заради што нивните сфаќања ретко содејствуваат со објективните перформанси и остварувања.
Ваквата ситуација "службено" се вика Данинг-Кругер ефект.
"Данинг-Кругер ефектот е когнитивна предрасуда во која лицата со помала вештина носат погрешни одлуки и доаѓаат до погрешни заклучоци, но нивната некомпетентност ги спречува да ги препознаат сопствените грешки. Ова е всушност илузорна супериорност, заради која натпросечно ја проценуваат својата способност. Наспроти нив, високо способните лица ги потценуваат сопствените вештини, и страдаат од илузорна инфериорност," стои во објаснувањето на ефектот.