Почнаа оставки во СДСМ
-
Лидерот на партијата Венко Филипче, на прес-конференција по вториот круг од локалните избори, рече дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и потврди дека Ана Чупеска поднела оставка од позицијата потпретседателка на СДСМ.
-
Поради лошите резултати на изборите, оставка поднел и кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата Костадин Ацевски.
-
Тој повика оставка да поднесе и целото раководство на СДСМ.