Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина Дик Чејни

4 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Дик Чејни, поранешниот моќен американски потпретседател што инсистираше на инвазијата врз Ирак, почина на возраст од 84 години. 
  • Чејни беше шеф на Пентагон за време на мандатот на Џорџ Буш постариот и потпретседател на Буш помладиот. На втората функција беше одговорен за реакцијата на САД на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година - за следењето на граѓаните, притворањето и измачувањето на нелегално грабнатите осомничени терористи.
  • Поддржуваше мачење со вотербординг „ако тоа спаси нечиј живот“. За инвазијата во Ирак тврдеше дека американските војници ќе бидат пречекани како ослободители. Ги однесе во војна од која повеќе од 4.000 не се вратија.
  • По напуштањето на функциите водеше кампања против Трамп, за кого изјави „Тој се обиде да ги украде минатите избори, служејќи се со лаги и насилство за да остане на власт откако граѓаните го отфрлија“. Ги разгневи републиканците кога лани објави дека гласал за Камала Харис.
  • Срцето на Чејни издржа пет удари пред да биде заменето со друго од донатор. „Секое утро се будам со насмевка, благодарен што ќе поживеам уште еден ден“, изјави Чејни во 2013 година.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Македонецот во лавиринтот на времето

11 јануари 2018, каков ден беше тоа!

Клеопатра кај Пајо Кифлица

Тоа е сè што треба да знаете за нив

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy