* Македонија стана двојазична на целата територија. Честито.
* Собраниската постава што го изгласа законот што смрди на неуставност, истиот ден за уставен судија именува човек (Осман Кадриу) што го бранеше и го промовираше тој закон. Ако, ќе се најде.
* Истиот ден се прави ново задолжување со издавање обврзница од ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА евра. Да не е малку?
* Вицепремиерот ќе им ја продава фирмата на Грци (заради избегнување судир на интереси, што значи дека Анѓушев долгорочно се гледа како министер, а не како бизнисмен). Чиста работа.
* Партискиот адвокат на СДСМ станува директор во Телеком. Да не биде шарениот „револуционер“ Замир Мехмети без друштво.
* Поделени се 102 илјади евра за субвенционирање македонска музика. Наддавачите со трагични судбини допрва ќе пребројуваат колку Тамари е ова.
* Од слобода се бранат оние што беа осудени за Смилковско Езеро. Зад решетки се Дурловски, Јовановски, Илиевски и Дамовски. Ферски.
* Премиерот Зоран Заев е на скијање во Италија. Паметно.
*******
Тој ден ние на Офф.нет го правевме она што го правиме со години. Пишуваме за она што ни се пишува. Овој ден испадна за Вајнстин, Амазон, Саудиска Арабија, Нирвана, Содерберг, Холивуд, Мастерклас, ракомет, фудбал.....
Само што овојпат, на НИЕДЕН од оние самопрогласени слободољупци и офтики од социјалните мрежи не му текна тоа да го прогласи за наше „спинување“ со кое „го одвраќаме вниманието на народот“, како што врескаа со години.
******
Ако ви бара душата нешто да запеете.