Русија приведе шверцер со човечки органи од косовска клиника
3 ноември 2025
- Врз основа на потерница од Интерпол во Москва е уапсен украинско-израелски државјанин обвинет дека тргувал со органи од луѓе оперирани во приватна клиника во Приштина.
- Борис Волфман (40) бил приведен во Турција и бил депортиран во Русија. Претходно бил приведуван во Тирана и во Израел. Во Русија се соочува со максимална казна од 15 години затвор.
- Синџирот за трговија со органи на Волфман се протегал од Костарика до Косово. За клиенти од САД, Канада, Германија и Израел на кои итно им било потребно пресадување бубрег, црн дроб или срце тој им обезбедувал органи од сиромашни луѓе и бегалци од Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Молдавија. Им ветувал суми од 15.000 до 17.000, но не им плаќал, а на клиентите им продавал бубрег за 150.000 долари.
- „Осомничениот и неговите соучесници ја злоупотребиле довербата на руски граѓани, убедувајќи ги да ги продадат своите органи. Тие претрпеле тешки телесни повреди како последица на нелегалните процедури во приватна медицинска клиника во Приштина“, изјави Ирина Волк од Министерството за внатрешни работи.