Ниту една од овие иницијативи не почнува од нула, туку секоја од нив само ги надополнува веќе постојните правила и забрани околу содржините што се објавуваат во електронските медиуми. Конкретно по ново, станува збор за засилена моќ на државата врз содржините што се објавуваат, а властите (за сега само француските) добиваат можност да гасат цели интернет сајтови кои ќе бидат прогласени за лажни.
“Со други зборови се работи за имплицитно воведување на цензура, сакал некој тоа така да го нарече или не. Бидејќи терминот ’лажни вести’ се користи за содржини кои не мора нужно да се нелегални.
Тие не вклучуваат трговија на нелегални супстанции и средства, не вклучуваат детска порнографија или заговараат физичко насилство, туку само делат одредени интерпретации кои државата - по многу нејасни критериуми - ги одредила како ’лажни’,“ пишува НВ во текстот за Билтен.
Она што дополнително ја комплицира целата работа е што утврдувањето на тоа што е вистина нема да се прави на судски процес, туку компјутерски. Пишувајќи дека од ова човек може да помисли „Господ на Запад можеби е мртов, но апсолутните вистини сега ги одредува алгоритам“ авторот појаснува дека постапката барем во плановите на Макрон е многу поедноставна, кај него “лажни вести веќе долго време се само шифра за руска пропаганда.“
Објаснувајќи дека колку што Спутник и РТ последниве години се постојано прозивани од западните политичари, толку на руските политичари не им е јасно зошто овие првите приговараат, посебно што се работи за „приличо отворено пренесување на надворешно политичката агенда на руската влада,“ НВ пишува:
„Впрочем, нема ли баш секоја држава која држи до себе глобален медиумски сервис ускладен со надворешно политичката агенда на сопственикот? Како за Русија известуваат сервиси од типот на Слободна Европа или Би-би-си?
Ако Русите се ’изненадени’, другите лидери се многу поподготвени да го прифатат моментот на Европејците: закон против лажни вести наскоро воведуваат дваесетина земји, најголем дел од нив под контрола на диктатори како Турција или Египет. И тоа не е прв пат да сме сведоци на оваа динамика. Треба да се потсетиме: периодот по 2001. беше време на ширење на терминот ’терорист’. Ако на Запад под овој збор се мислеше пред се на сите бомбаши самоубијци, западните сојузници од остатокот на светот етикетата брзо ја проширија на сите свои противници.
Слично е и сега со ’лажните вести’ кои како идеја навистина се шират со ’загрижувачка брзина’ така што можат да ги вклучуваат сите мислења со кои одредени политичари не сакаат да се соочат. Всушност, кој уште не знае дека РТ или Спутник се инструменти на Кремљ и пропагандни сервиси? Нивната успешност не почива толку на лукавата препреденост на Русите колку на ниската доверба во западните медиуми и општо во политичкиот систем. А тоа не е проблем кој може да се реши со цензура.“