Едниот (според медиумите) е автократот од истокот, предводник на сè што е труло во ЕУ, и прв човек на унгарскиот режим, а другиот (според медиумите) е слободарот од срцето на ЕУ, бајрактарот на демократијата што треба да ја спаси либералната демократија од напастите кои ја опседнаа. Е, овие двајца речиси се претопуваат во ист човек кога е во прашање ЕУ.