Како што објаснуваат авторките ваквата желба е директно поврзана со тоа што Брижит Макрон изразито им оди на живци на најблиските соработници на нејзиниот сопруг, главно затоа што се меша во работата на претседателот, вклучително и во изборот на кадровски решенија за неговиот кабинет.
„Постои одредена взаемна недоверба затоа што ја сметаат за ривал на советниците кои не се научени на конкуренција од жена. Тие ќе го натераат да донесе една одлука во текот на денот, и веќе ноќта таа ќе каже дека не се согласува па утредента и тој се предомислува,“ пишуваат авторките.
Неименуван извор близок до претседателската двојка на двете новинарки, Ава Џамшиди и Натали Шук, им изјавува:
„Тие (советниците) сонуваат таа да умре. За нив, би било чудесно тој да стане ужален вдовец. Тие се заљубени во нив. Навечер тие сонуваат како таа исчезнала.“
Под советниците, се подразбира ко-основачот на движењето што го донесе Макрон на власт, 31-годишниот Исмаил Емелиен, и еден од директорите на кампањата на Макрон, 33-годишниот Стефан Сежурне.
Поранешниот француски министер за внатрешни работи, Жерар Коломб, го опишува Макрон како постојано зависен од својата сопруга:
„Цело време и ги допира прстите. Мора да е сигурен дека таа е таму. Не сум видел многу такви парови...“
Од друга страна дел од луѓето со кои е разговарано за книгата сметаат дека Макрон станува претседател на Франција благодарејќи на Брижит и нејзината потпора во целата работа.
Брижит е мажена мајка на три деца кога го запознава тогаш тинејџерот Макрон на нејзините часови по глума. Подоцна Брижит се разведува за да може да се омажи со 24 години помладиот Емануел.