Гигантот за производство на чипови Nvidia за сума од над 400 милиони долари го купи стартапот Kumo AI за предвидлива вештачка интелигенција за бизниси.
Коосновач и извршен директор на Kumo AI е скопјанецот Вања Јосифовски, поранешен технички директор во Pinterest, AirBnB и инженер на истражувачки тимови во Google и Yahoo.
Стартапот Kumo AI го основал пред пет години во САД заедно со Јуре Лесковец – професор на Стенфорд, и Хема Рагаван – поранешна директорка на одделот за ВИ во LinkedIn.
Моделите со ВИ на Kumo се прилагодени за решенија за структурирани деловни податоци, како што се информации за клиентите и податоци за плаќање, кои генерално се потешки за анализа од страна на големите јазични модели.
RFM моделот на Kumo може веднаш да се справи со предвидувањата за сè, од одлив на клиенти до ризик од неплаќање на кредитен рејтинг, без дополнителна обука.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.