Драга госпоѓо Мареј,
Иако сме благодарни што нè посетувате и ја користите нашата картичка за лојалност, размислуваме да Ви издадеме забрана да купувате кај нас, сè додека Вашиот сопруг не престане со своите несфатливи постапки.
Подолу е листа на негови прекршоци, утврдени со помош на нашите камери за набљудување.
15 јуни:
Зема 24 кутии со кондоми и ги остава во количките на други купувачи додека овие не гледаат.
2 јули:
Ги навива сите часовници со аларм да ѕвонат на интервал од пет минути.
14 август:
Предупредувачкиот знак "Вимавајте, лизгав под" го пренесува во делот кој е покриен со теписон.
4 октомври:
Гледа одблизу во нашата безбедносна камера и ја користи како огледало за да си го чекпа носот.
3 декември:
Сомнително талка по продавницата гласно мумлајќи ја темата од филмот "Mission Impossible".
18 декември:
Се крие меѓу облеката на закачалки и извикува: Најди ме, најди ме!
23 декември:
Влегува во гаредорбата, ја затвора вратата а потоа гласно довикува: Овде нема тоалетна хартија!
со почит,
менаџерот на продавницата