Иако немаат конкретен план за ова, најблиските советници на францускиот претседател знаат дека таков случај ќе му дозволи тој да се претстави како „ужален вдовец“, се тврди во новата книга „Мадам претседател“ напишана од две француски новинарки.
На 4-ти мај во интервју за Пари мач, Емануел Макрон зборувајќи за сопругата Брижит порачува "во секој случај има нешто во претседателската функција што го вклучува парот, и го прифаќам тоа и мислам дека и таа го прифаќа".