Италијанскиот пратеник од Движењето 5 ѕвезди и потпретседател на Европскиот парламент, Фабио Касталдо, по целата драма што Французите ја направија повлекувајќи го својот дипломат од Рим, на Фејсбук пишува:
„Нејасно е како тоа Макрон постојано одржува врски со Демократската Партија, која е опозиција во Италија, па дури и да потпишува ’политички манифести’ со Матео Ренци (поранешниот италијански премиер од Демократската партија), а Движењето 5 ѕвезди не може да разговара со новата опозициска сила...“
Во четвртокот Париз го викна дома својот амбасадор во Италија за да го консултира околу „постојаните обвинувања“ и „напади“ на Рим против Франција. На ова и претходеше средба на неколку италијански функционери (меѓу кои и Касталдо) со лидерите на Жолтите елеци кои од ноември протестираат против Макрон.
И покрај интервенцијата од Париз, Касталдо најавува дека ќе продолжат да ги контактираат „сите европски сили кои ја споделуваат потребата за темелно обновување на демократскиот живот во нашите држави преку инструментите на партиципативна демократија“.