Музиката од албумите со најлоши корици

Кај некои ќе се изненадите, кај некои тоа е. Како и да е некој смогнал сили да ги собере сликите од сите оние листи на најлоши корици на албуми и да побара што музика има на нив.

писмо од читател:

Se spremav da Vi go pushtam ova - ama gledam ste go objavile.

Ako sakate podetalno - mozze da dopolnite :)

---

Carlos - Rosalie (1979) - Француски поп, ништо страшно, освен што типот е гол цело време и малце (малце повеќе) creepy.

Vincent Capretta - Nightstalker (1988) - Класика на 80-тите, полошо од ова ретко кој може! (и аудио и видео)

Heino - Die lustigen Holzhackerbub'n (1976) - Хеино не припаѓа на листава. Човекот е шлагер-мастер со над 50 милиони продадени плочи. Е сега добро овде го ребрат ради омотот на албум кој е уствари Осмомартовски албум...

Euro-Fire - Ojos Del Amor (2009) - Класична Европска Ш-продукција на поновото време. Можеле и Куку Леле да ги стават место овие, поинтересно ќе било и постарите треба да имаат предност... Макар да овие се бетер од Куку Леле...

Tozovac - Jeremija (1972) - Првиот представник на нашите екс-Ју простори, 'царот' Српски звани Тозовац, седнат на топ, служио је стари кадар артилерије...

Gary - Crazy Love Games (1978) - Некаков квази-фанк. Музиката и текстот дефинитивно одговараат на омотот.

Tino - Por Primera Vez (1983) - Constantino Fernández Fernández, Шпанче со лош поп од 80-ти. Во одбрана на омотот, ова на клипот е некое реиздание, оригиналниот омот е многу по-нормален. Музиката е сепак прилично лоша.

Nigel Pepper Cock - The Mullet Mafia (2001) - Хардкор панкери кои мислеле ако ги извадат алатите на мегдан ќе им се рашири музиката. (несвесни дека тоа функционира само кај женски изведувачи со пролигавена музика) EP-то се вика Fresh White Reeboks Kickin Your Ass а задниот омот на плочата е уште појак од предниот ( http://www.discogs.com/viewimages?release=2951118 )

Big Bear - Doin Thangs (1998) - Ганста рап со омоти карактеристични за 90-тите, правени на Windows 95 и најверојатно комбинација од Корел и Фотошоп.

Swamp Dogg - Remember I Said Tomorrow (1971) - Swamp Dogg е уствари класична функ/соул фаца со многу добри албуми, ама тука ептен го утнал омотот јеби га. Башка Снуп Дог најверојатно од него се инспирирал за неговото име.

Joyce (Joyce Drake) - Jesus is Coming Again (1968) - Овие со Џ'изс теми се неприкосновени во катастрофалност. Понатаму ги има и бетер.

Faye Richmonde - My Pussy Belongs to Daddy (1957) - Прво мислев дека се работи за сериозни комплекси, а после испадна дека ова е некаков вид пародија. Искрено не сум знаел дека во 50-тите имало делче од индустријата која издавала музика 'for adults only'. Џо Дејвис изгледа уште тогаш знаел кај се парите :) - омотот на видеото е од компилација, оригиналниот албум има малку помалку страшен омот ( http://www.discogs.com/Faye-Richmonde-Girlesque/release/4814176 ) ама насловите на песните се бесценети.

Ken (Ken Snyder) - Holy Spirit Flow Through Me (1976) - Уште еден неиздржлив хоули спирет џ'изс фрик.

Rudy Ray Moore - The Night Before Christmas, Part One (1996) - Rudolph Frank Moore е класична PIMP фаца од Blaxploitation ерата на филмови. Ако ги разгледате другите омоти и наслови од неговите рани изданија, овој на видеово ќе испадне културен ( http://www.discogs.com/artist/175048-Rudy-Ray-Moore ).

Devastatin' Dave - Zip Zap Rap (1986) - Безмозочен рап со лоши семплери.

Wasnatch - Get Nasty (2013) - Лежерно рокстеди / реге албумче. Омотов е монтиран од порно сцени, па исцензуриран со инструменти. Интернет класика, само ете на некој му текнало да го стави на албум.

Alla Pugacheva (with Jacob Dahlin) - Superman (1985) - Значи Русиве уште одамна си имале мерак за бизарни слики... (и лоша музика)

Kevin Rowland - The Greatest Love of All (1999) - Еден од најлошите омоти во историјата на Универзумот. Музиката - соодветна.

Millie Jackson - -Sho Nuff Danjus (1989) - Во 80-ти дури ни фанк/соул албумите не чинеле...

John Bult - Julie's Sixteenth Birthday (1980) - Вака ништо не звучи страшно дури не го чуете типов и не го видите омотот (со тажната фаца на Џили) и прочитате насловот... Тогаш сфаќате дека Џули ќе биде обзнанета на нејзиниот 16-ти роденден.

Viper - You'll Cowards Don't Even Smoke Crack (1998) - Овие се толку напушени со Крек (цело време) што албумот со дебилен misspell поминал до крај и се испринтал во продажба.

The Faith Tones - Jesus Use Me (1964) - Ова е толку лошо што морав да се олечам малку со единствениот позитивен Џ'изс момент што го знам ( https://www.youtube.com/watch?v=GZR58d77a4A )

Johnny Guitar Watson - A Real Mother For Ya (1977) - Не гледам апсолутно ништо лошо во омотот а уште помалку во музиката на JGW. Овој човек бил директна инспирација на Zappa!

Shut Up and Dance - Dance Before the Police Come! (1991) - Омотот е глуп да, но брекбитот на овој албум е солиден (за 91-ва).

Mike Adkins - Thank You for the Dove (197?) - Уште госпел фриковштини...

The Handless Organist (Rev. Alberta Baker) - He is Coming (1960s?) - ОК, ова нема да го коментирам...

Wally Whyton - Don't Tell Me Your Troubles (1959) - Уште еден омот (и музика) кои не припаѓаат овде.

Orleans - Still the One (1976) - Дечкиве свиреле солиден јужњачки поп-рок. Па што ако се сликале голи за еден албум...

Herbie Mann - Push Push (1971) - Америчка легенда, јеџ флајтист кој подоцна заминал во диско фанк води. И тој се сликал гол, што да прави, така му рекле...

The Handsome Beasts - Tearing Me Apart (1981) - Колку и да е гнасничка сликата, албумов е добар хеви-метал.

Brainstorm - You Knock Me Out (1972) - Има еден многу битен краут-рок бенд со ова име. Ама овие очигледно не се тие, иако се Германци.

Orion (Jimmy Ellis) - Baby I Still Love You (1979) - Баткава на сите омоти е со маска, таков му бил филмот и нема ништо лошо во тоа. Башка има кул глас и звучи ко Елвис.

Gert Jonny's - Jag tordes aldrig säga nått till mamma (197?) - Ноу комент...

Martin Denny - Love at Sight (1961) - Овој човек нај-ептен не припаѓа на листава. Добро, омотот е забеган, ама Мартин Дени е од ретките луѓе што имаат измислено нови правци во музиката. Неговиот се вика Егзотика, стил кој настанал во 50-тите на Хаваи, и е забеган бленд на психоделија, лаунж, перкусии, пиано, гитари, терамин и слично. Многу битна фаца за развојот на психоделичната музика генерално.

Argentina Coral - Amor Gitano (1961) - Изронатата во сурато ја памтите?

Bamperos ‎– Tule Kanssani Kylpyyn (1980) - Фински шлагери, ете и тоа постоело... Не, не се сите во кадата...

Saveta Jovanovic - Lazno je, lazno sve sto je tvoje (1971) - Еве сме пак на екс-Ју просторите со првото EP на Савета. Ако не Ви е нешто јасно на прв поглед, погледнете ја потколеницата, плус во моментот слушате 'Никад неќу за љубав да молим' и станува јасно дека Савета сеуште е девица (ако е жива)...

Quim Barreiros - Recibe Um Convite (198?) - Португалски 'армоникаш со над 100 албуми, па нормално е на еден од нив и гол да се слика...

Dan Crary - Lady's Fancy (1977) - Одличен класичен блуграс гитарист со кого природата си поиграла малку, а и не е фотогеничен гарант.

The Border Brass - We Wish You a Merry Christmas (1968) - Ко за Божиќ 68-ма таман си е омотот, а музиката топ.

Junior Parker - I Like Your Smile (aka I Like Your Style) (1971) - Уште еден одличен блуз/џез лик. Little Junior Parker не припаѓа на листава, ама ич.

- Коментари: Панде(мониум)

 

Pozz,
Nebojsha

 

3 февруари 2015 - 09:43