Таг: Италија

Италија на чекор од хемиска кастрација

Пратениците на италијанскиот парламент дадоа дозвола за основање на комитетот кој треба да изработи предлог закони за третирање на насилни силувачи со блокатори на хормони.

Италија на раб на зовривање, им поскапе кафето

По процените на една од најголемите потрошувачки асоцијации во земјата, Асоутенти, цената на шолја еспресо во земјата од 2021 е покачена за 15%, и денес на одредени локации таа знае да чини и до 2 евра. Мхм, за 2 евра еспресо ќе се фаќаат за кука и мотика.

Швајцарија има 2:0 со голчиште по само 28 секунди игра

По слабото прво полувреме и негативата од 1:0, Италија не можеше полошо да го стартува вториот дел. Прими уште еден гол на самиот старт, дело на Рубен Варгас кој со прекрасен удар го матираше Донарума.

Финалето на ЕП 1968 меѓу Италија со Џиџи Рива и Југославија со Драган Ѓаиќ кое се играше два пати

И покрај тоа што клупската кариера ја мина во Каљари, Џиџи Рива важеше за големо и многу почитувано фудбалско име, како и еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Не за џабе цели 23 години не беше чепнат од позицијата тим менаџер на Италија.

Италија го легализираше фашистичкиот поздрав

За прв пат по 1945 во Италија ќе биде дозволено римското отпоздравување, кое во Втората светска војна стана симбол на фашистите и нацистите, се додека истото не претставува закана за јавниот ред и мир.

Голеада на Олимпико, голчиште на Атанасов, висок пораз на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го задржи убавиот биланс против Италија. Четирикратниот светски првак ни се одмазди за Палермо.

Србите ја победија Италија 5:4 со прекрасен гол во 91-ва минута

Како предигра на евроквалификациите кои стартуваат вечерва, а нашите играат во сабота против Украина, младите растураат со евроголови. Го видовме Елмас против Полска, а сега да го видиме 18 годишниот Јован Мијатовиќ против Италија, на пријателска која ја реши во финишот и која заврши со голеада.

Италијанските одбојкари везеа со топка пред мечот со Македонија

Пољаците пред една недела ја совладаа убедливо Италија со 3:0 и ја освоија европската одбојкарска титула. Без разлика што турнирот е завршена приказна, админот на официјалниот профил на Твитер, уште објавува видеа. Последното е со загревањето на Италијанците пред осминафиналниот меч против Македонија во Бари. Ко Баџо и Дел Пјеро да ги гледаме.

Кориере дело спорт: Бура од реакции поради италијанската химна

Покрај целосно издржаните критики за лошиот терен за што добија извинување од Елмас, Италијанците го искритикуваа и интонирањето на химната, во изведба на Барбара Поповиќ.

Италија ќе забрани намаз со урбанистички закон

Партијата на италијанската премиерка Мелони турка измени на законот за урбано планирање со кои во земјата ќе се забрани досегашната пракса за пренамена на гаражи или магацини во места за молитва.

Голчиште на дете од Удинезе вредно историско финале на Светско

Симоне Пафунди, генерација 2006-та кој му е соиграч на Несторовски постигна историски гол за селекцијата на Италија. На само 5 минути до крај на мечот против Јужна Кореја, при резултат 1:1, младиот напаѓач едноставно го претвори голманот во гледач и ја однесе својата земја за прв пат во финалето на СП за играчи до 20 години. Другиот финалист е Уругвај, домаќин е Аргентина, а актуелен светски првак е Украина.

Италијанска кујна не трпи месо од лабораторија

Земјата која има построги правила за тоа како да замесиш тесто за пица отколку што има сообраќајни правила, на сите можни нивоа ќе блокира какво било припарување на „вештачко месо“ во нејзините граници.

Во Италија има над 1400 споменици и објекти поврзани со фашизмот и никој не помислува да ги руши

Има повеќе причини зошто Италијанците ретко или воопшто не си го поставуваат прашањето за постоењето на објекти од фашистичкиот период. Прво, тие се уште се користат, само како структури чија содржина е променета до степен во кој минатото е лесно да се игнорира. Второ, затоа што Италија, за разлика од Германија, нема поминато низ процес на де-фашизација по Втората светска војна. 

Нова серија за Лидија Поет, првата жена-адвокат во Италија

На 15 февруари на Нетфликс премиерно беше прикажана серијата во шест епизоди, „Законот според Лидија Поет“, историска драма базирана на вистинска биографија на првата италијанска адвокатка, чие мото е: „Ако Бог сакал да бидеш адвокат, немало да те направи жена“. 

Колапсот на Македонија која после Палермо го победи само Гибралтар

Треба да има одмазда за репрезентацијата која со сопствено оружје повторно ја прати Италија во фудбалскиот пекол? Воопшто не. Тоа е жалење кое се зголемува, се зголемува, се зголемува. Евентуален пораз од Кристијано Роналдо ќе имаше малку помал горчлив вкус, пишува Goal.com.

Не се вика колонијализам, се вика француска надворешна политика

Чисто затоа што светот клокоти како да е пред апокалиптично зовривање, остана малку забележано воскреснувањето на нов фронт во срцето на ЕУ, меѓу Италија и Франција, и тоа пак заради држ-не дај околу бегалците.

Албанците изведоа слободен удар против Италија како прв пат да играат фудбал

Смешна ситуација на пријателската меѓу Албанија и Италија која се одигра во Тирана. Домаќините губат 1:3, па уште и изведуваат слободен удар во спротивен правец. Еден од дефанзивците дремеше и ја гледаше топката, а другиов со раце му гестикулираше дека треба да оди по неа. Италијанците од истата акција малку фалеше да зголемат и на 1:4.

Не е фашизам сè што не ви е по мерак

Уште пред гласањето во Италија луѓе прво дознаа дека потенцијалната идна премиерка на земјата е фашист, пред воопшто да разберат како се вика, а не па да чујат што има да каже, и тоа едноставно е погрешно, барем според нејзиниот најголем противник Матео Рензи.

Во Италија почнаа да пржат цените на гасот

Подобро ќе ми беше цел јули да бидам на плажа, јаука сопственикот на италијанска фабрика за конзервирано овошје и зеленчук од Салерно на кого пред некој ден му стигнала јулската сметка за гас, во износ од неполн милион евра.

Автобиографија напишана на чаршаф од брачен кревет

Гратчето има нешто над 3000 жители, лоцирано е 43 километри источно од Фиренца и се вика Певе Санто Стефано. Освен што е дел од прекрасната Тоскана, ова гратче не би било познато по ништо посебно доколку тука не се наоѓа една специфична архива. A во неа 9000 дневници и една посебна автобиографија.

Се огласи Кореецот кој го избркаа од Перуџа затоа што ја исфрли Италија од Светско

И Јужна Кореја има свој Трајковски. Ѕвезди како Тоти, Виери, Дел Пјеро и компанија ги елиминираше на СП во нокаут фаза. Голема болка на Италијанците стара 20 години.

Добра берберница е институција

Еден од најголемите порази што модерниот живот го нанесе општо на животот е што почна да се закажува шишање во берберница. Навидум целосно неважна работа, меѓутоа седењето во берберница и чекањето ред, е суштински столб на чакалење на секој маж (веројатно исто е и за жени во фризерница) и на квалитетен и содржински маалски живот.