Иако на Аѕурите им беше доволен и бод во последното коло од Групата А1, а натпреварот го отворија идеално, радоста на гостите траеше премногу кратко.
Италија поведе во 11. минута преку Франческо Пио Еспозито, но тоа само ги налути домаќините, кои одговорија со три комада за само 11 минути.
Максим Де Кујпер, Натан Нгој и Џереми Доку го свртија натпреварот на 3:1 во периодот од 15-та до 26-та минута.
Во второто полувреме избраниците на Марк ван Бомел рутински ја контролираа играта, а точка на големиот триумф стави Диего Мореира во 80. минута по одлична асистенција на Кевин Де Брујне.
Кошмарната ноќ на Италијанците ја заокружи Еспозито во судиското надополнување, кога не успеа да реализира пенал.
Со овој триумф Белгија го освои второто место во групата и патува меѓу осумте најдобри, додека Италија падна на третата позиција и ќе мора да игра бараж за опстанок во елитната А-дивизија.