Истражувањето е спроведено на преку 200.000 Австралијанци и недвосмислено упатува на заклучок дека оние што седат подолго, живеат пократко.
И да е бељата поголема, штетата што седењето ја прави врз нашето здравје не може целосно да се поправи со вежбање.
Најшокантниот податок вели дека оние што седат по 11 часа на ден имаат 40 проценти поголеми шанси да умрат во следните три години од оние што седат помалку од 4 часа дневно.
Ова е утврдено откако претходно биле синхронизирани сите останати релевантни податоци за возраста, тежината, физичката активност и општата здравствена состојба.
Значи здрави или болни, физички активни или не, небитно: што подолго се седи, порано се умира.
Се проценува дека просечен возрасен човек 90 проценти од своето слободно време го поминува седнат.
После овие застрашувачки факти за седењето не останува ништо друго освен да се донесе разумен заклучок: да прилегнеме.