- Специјалниот суд во Хаг му изрече казна од уште 17 месеци затвор на Хашим Тачи поради попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на Судот за време на долгогодишниот судски процес што се водеше против него.
- Судот ги прифати наводите од Обвинителството, според кое судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, поради што некои сведоци ги промениле своите искази.
- На лица што го посетувале во притвор во 2023 година Тачи им откривал идентитет на некои сведоци, доверливи информации за судењето и им давал упатства какви искази треба да даваат идни сведоци.
- За обвиненија за попречување на правдата, изречени им се казни од 12 месеци затвор на Башким Смакај и на Фадил Фазлиу.
- Хашим Тачи на 16 септември беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства на Косово во периодот од април 1998 до јуни 1999 година, кога беше командант на ОВК.
- Државниот завод за ревизија утврдила дека имплементацијата на безбедносните мерки и контроли во ИТ системот на Агенцијата за вработување е со слабости кои го загрозуваат целокупното ниво на ефективна заштита на информациите и ИТ ресурсите.
- Од вкупно седум систематизирани позиции во централниот Сектор за информатика, пополнети се само две.
- Во последните три години не биле реализирани обуки за ИТ кадарот
- Во периодот 2020–2025 година, Агенцијата имала набавки поврзани со ИТ инфраструктурата, безбедносните системи и комуникациските услуги во вредност од 2,78 милиони евра. Во тој период, 293 дена не биле покриени со договор за одржување.
- Илјадници Американци вчера останале без пристап до своите банкарски сметки откако технички проблем во „JPMorgan Chase“ предизвика верижна реакција низ целиот платежен систем.
- Меѓу погодените банки биле „Банк оф Америка“, „Велс Фарго“ и „Капитал Уан“. Претставници на „JPMorgan Chase“ изјавија дека проблемот не е последица на кибернетски напад, туку е од „техничка природа“.
- Ова беше трет работен ден во низа во кој откажаа системите во клучните сектори во САД.
- Во четвртокот имаше голем глобален прекин со апликациите на Microsoft што ги користат јавните институции, компаниите и граѓаните. Microsoft објави дека причината за инцидентот бил стар дефект, кој го преоптоварил капацитетот на серверите.
- Во петокот во период од неколку часа беа откажани илјадници авионски летови поради проблеми со националниот систем на контролата за летање. Системот паднал поради преоптоварување при операција за обновување на старата технологија.