Хашкиот трибунал му изрече единствена казна од 25 години затвор на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, поради воени злосторства на Косово, во периодот од април 1998 до јуни 1999 година.
Во казната ќе му бидат пресметани и шесте години што ги помина во притвор во Хаг.
Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе.
„Како главен командант и клучен политички лидер, тој имал ефективна контрола врз ОВК и учествувал во широко распространетиот и систематски напад врз цивилното население и неистомислениците“, објави судот.
Независно од оваа пресуда, против Тачи во Хаг почнува уште еден судски процес под обвинение за влијание и застрашување на сведоци во притворот, за што обвинителството бара уште 6 години затвор.
Со 25 години затвор e казнет и портпаролот на ОВК, Јакуп Красниќи. Кадри Весели доби 18 години, а шефот на оперативниот директорат Реџеп Селими 13 години затвор. Сите се прогласени за виновни за истите точки од обвинението.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.