Запишаните мудрости на Луи

Луи Ц.К. многу зборува, ама па и тоа му е работата. Човекот речиси 30 години е стендап комичар, и во ова време има кажано работи на теми од капитализам до прдежи, од политика до мастурбација.

Совет (за комичари)
Немој да пушиш трева. Немој да цмиздриш. Немој да се откажуваш. Настапувај каде било. Обиди се, погреши, повтори.

Биди добар
Животот е премногу краток за да бидеш шупак, и како работодавец или како вработен.

Телото
Прдежот е... едноставно одбивам а бидам сноб околу одредени срања во комедијата. Знаете, прдежите излегуваат од вашиот задник и прават звук на труба. Смрдлив гас излегува од вашиот задник и прави звук на труба. Што не е смешно тука? Тоа е перфектно, перфектна шега. Ги има сите елементи.

Капитализам
Едноставно не верувам на ништо од тоа. Секој пат кога ќе прочитам дека повторно имало некој бесмислен скок на берзата, еден дел од мене си помислува "ова не може да биде добро." Ништо од ова не се вистински пари. Знаете што значи ова? Не е дека сега од нешто имаме повеќе. Туку целата работа се само идеи. Кога луѓето стануваат побогати и побогати, а притоа ништо не произведуваат тоа не може да заврши добро.

Деца
Децата се како кофи со болести кои живеат во твојот дом.

Кога ќе се ожениш, имаш врска која ти е премногу важна, и на неа работите заедно. И тогаш добиваш дете. И го гледаш детето и си помислуваш "Срање, ова е мое дете. Ја има мојата ДНК, го има моето име, ќе умрам за него." И тогаш го погледнуваш партнерот и си помислуваш: "Кој си па ти? Ти си туѓ!"

Комедија
Верувам дека кога луѓето ќе почнат многу да се смеат тоа е затоа што тие се поврзуваат и се идентификуваат на начин на кој никогаш претходно не помислиле.

Гледајќи ги говорите на Малком Икс - човек кој на луѓето им вели "Никој го не кажува она што сакате да го чуете. Го кажувам бидејќи сум еден од вас. И јас сум еден од најлошите од вас." Тоа е сериозно. Е тоа е според мене да бидеш комичар.

Смрт
Од сите луѓе што некогаш постоеле, речиси сите се мртви. Има далеку повеќе мртви луѓе, и сите вие ќе умрете и после ќе бидете мртви многу подолго отколку што сте живи. Тоа е во најголем дел што она што ќе бидете. Вие сте само мртви луѓе кои се уште немаат умрено.

Развод
Разводот секогаш е добра вест. Знам дека чудно звучи, ама е вистина бидејќи ниту еден добар брак никогаш не завршил со развод... тоа би било тажно. Ако двајца се во брак и им било одлично и потоа се развеле, тогаш тоа би било тажно. Ама тоа се има случено нула пати.

Дрога
Дрогите се толку добри што ќе ти го уништат животот.

Храна
Оброкот не е готов кога сум најаден. Оброкот е готов кога се мразам себеси.

Омраза
Некако почнав да ги мразам луѓето, и тоа не дека имам нешто против нив. Туку, едноставно уживам во тоа. Како рекреација ми е.

Историја
Генерацијата до Втората светска војна добива премногу кредит. Ако тие ги имале сите срања што ние денес ги имаме и тие би биле шупци. Последично е. Она што од тебе се очекува да направиш е тоа што те прави голем. Од нас не се очекува ништо освен да купуваме и да се дебелееме.

Искреност
Пријателите секогаш треба да се ја кажуваат вистината. Ама ве молам немојте.

Пари
Бил Гејтс има 90 милијарди долари. Ако јас имав 90 милијарди долари, немаше долго да ги имам бидејќи цело време би мислел само какви глупости можам да направам со нив. Човеков има 90 милијарди долари. Тој може да ги купи сите бејзбол тимови и да ги натера сите да носат исти дресови и пак ќе му останат 88 милијарди долари.

Филмови
Jackass филмовите најискрено се некои од најдобрите филмови што некогаш сум ги гледал. Ужасно многу се смеам на нив. Момците се гении.

Религија
Господ е како срање девојка.

Во десетте заповеди се забранува на празно да се споменува името Господово. Ама силувањето го нема. Силувањето го нема во десетте заповеди. Ама немој да го кажуваш неговото име во празно.

Технологија
Луѓето велат "мобилниот ми е срање." Не, не е. И најлошиот мобилен на светот е чудо. Твојот живот е срање. Околу телефонот.

27 февруари 2013 - 17:30