Не е еден човек, се знаат кои се, самите ќе се препознаат, а и вие ќе ги препознаете. И за тоа што го прават, човештвото треба да им е вечно благодарно.
Нема, ни секс не е подобар од дремење. А кога сме кај сексот, Луи мисли дека човештвото може слободно да престане да снима порно, затоа што го има во изобилие и доволно е.
Серијата во десет продолженија за семејство кое држи бар со стогодишна традиција во Њујорк најпрвин изненадува затоа што е со Луи Ц.К. а не е комедија. Ако го надминете ова првично изневерено очекување, може да се фатите како уште некоја минута по завршувањето на секоја епизода зјапате во затемнетиот монитор, размислувајќи за смислата на животот. А признајте, од кога не ви било така?
Не само против Трамп, него против кого било, Луи попрво би дал глас за Хилари. И како што објаснува, не е проблем ако гласаш за Трамп, проблем е ако не гласаш за никого.
Од почетокот на годинава, Луи секоја сабота им пишува меил на фановите во кои обично ја најавува следната епизода на неговото шоу "Хорас и Пит." Неделава мејлот имаше еден поопширен постскриптум.
Збирката повеќе е критика, односно воодушевување од технологијата и критика за тоа колку глупо ја искористуваш оваа невидена технологија што ја имаш на располагање.
Во една од епизодите од Луи, главниот лик (Луи) и Робин Вилијамс се среќаваат на погребот на еден заеднички пријател. Двајцата се разделуваат со ветување дека кога едниот од нив ќе умре, другиот ќе му дојде на погреб. Денес е една година од смртта на Робин Вилијамс.
Во 2012-та Луи Ц.К. заработи 4,5 милиони долари за помалку од 2 дена откако реши сам да го продуцира и продава својот стендап специјал. Слично постапи и годинава. Ваквото ризикување со пари е многу поразлично од неговото однесување на почетокот од кариерата.
Луи Ц.К. за потребата од време на време да си признаеш сам на себе дека си шупак, и дека не можеш да имаш контра-аргумент кога некој ќе ти каже дека си.
Комичарот мораше да го откаже својот настап во Медисон Сквер Гарден, откако тамошната УХМР го прогласи невремето кое го зафати северот на САД за "парализирачка и потенцијално историска виулица." Луи Ц.К. одлучи да се позанимава со потенцијално историскиот дел од виулицата.
Во епизода на Луи од 2011-та, Луи Ц.К. размислува да се откаже од комедијата. По едно шоу се среќава со Џоан Риверс и таа го разубедува и му објаснува зошто станала комичарка, момент што само он може да го сфати како погодно време за да и се фрлиш на Риверс.
Луи Ц.К. се мести пред цел свет за да покаже како мажите само заради тоа што не веруваат во себе ги казнуваат сите оние девојки со кои тие инаку природно би си одговарале. Карши него, феноменалната Сара Бејкер како девојката што ги дели шамарите во име на дебелите девојките.
Две работи: 1. Никој не може да каже дека е "мртов гладен" туку најмногу што може е "да чувствува глад," и 2. "Жените не се подобри од мажите, туку мажите се полоши од жените." Атеизам, Господ, девојки...
Луи ЦК, Рики Џервејс, Крис Рок и Сајнфилд, седнати сред дневна (студио) и разглабаат еснафски работи, општо за комедијата - како да работиш, што очекува публиката, што е смешно, што треба да кажат.
По повод 46-от роденден на Луи (кој по сите правила му беше вчера) едно комплетче од негови мудрости од изминативе неколку години, кои и понатаму важат.